Македонија Партијата на пензионерите: Драги Аргировски го става членството на СЗПМ во позиција...

Партијата на пензионерите: Драги Аргировски го става членството на СЗПМ во позиција на продолжена рака на власта

Изјавата на претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски, дека ветото на дополнителниот министер Кире Наумов ќе ја загрозело исплатата на платите и на пензиите, ги става и членовите на Сојузот во позиција на продолжена рака на власта, реагираат од Партија на обединетите пензионери и граѓани на Македонија.

– Со кое право еден претставник на граѓанско здружение, изигрувајќи партиски јуришник, ги става членовите на сојузот во таква, срамна позиција. Сојузот не се занимава со вистинските прашања од интерес на пензионерите во Република Македонија. Каков е соодносот на просечната плата со просечната пензија? Зошто за исплата на пензиите мора да се земаат кредити и кој во последните 10 години е одговорен за состојбата на Фондот за ПИО? Кој ги лаже и ги манипулира пензионерите со наводно зголемување на пензиите – прашуваат од Партијата на пензионерите.

Од партијата бараат одговор каде се и на што се трошат парите што како членарина се внесуваат секој месец во касата на СЗПМ.