Главна секција Партиите добија 48 часа да ги отстранат недостатоците на листите

Партиите добија 48 часа да ги отстранат недостатоците на листите

Државната изборна комисија синоќа ги разгледала кандидатските листи на политичките партии и на коалициите и на дел од нив им дала рок од 48 часа да ги отстранат констатираните недостатоци.

Како што соопштија од ДИК, најголем дел од забелешките се однесуваат на достава на трансакциска сметка за изборна кампања, уверение за неосудуваност, изјави и копии од лични карти на кандидатите и слично. Најмногу за забелешки комисијата имала за листите на Социјалдемократската партија на Македонија, која достави листа со имиња слични со имињата на кандидати на други партии.

На 20 ноември со ждрепка ќе се утврди распоредот на кандидатските листи на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.