Свет Балкан Парламентарни избори во Албанија: За 140 места во парламентот се борат 2.666...

Парламентарни избори во Албанија: За 140 места во парламентот се борат 2.666 кандидати

Граѓаните на Албанија денеска гласаат на парламентарни избори, по договорот на двете најголеми партии да се зајакнат напорите за приклучување на земјата во ЕУ.

Одржувањето слободни и фер избори е клучно за пристапните преговори со ЕУ. Албанија е членка на НАТО од 2009 година.

За 140 пратенички места се борат 18 партии со вкупно 2.666 кандидати, а фаворити се Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша и Движењето за социјаистичка интеграција на новиот претседател на Албанија, Илир Мета.

Сите поголеми партии во кампањата ги истакнуваа реформските програми, ветувањата за брз економски пораст, отворање на нови работни места и намалување на невработеноста која во моментов изнесува 14 отсто.

Изборите ги набљудуваат 5.351 набљудувач,од кои 896 се од странски набљудувачки мисии.