Свет Европа Париз: Пет повредени во експлозијата на гас

Париз: Пет повредени во експлозијата на гас

Пет лица се повредени во експлозијата која денеска попладне одекна во станбена зграда во центарот на Париз, јавија француските медиуми.

Како што соопштија полициски извори, при експлозија, која е последица на истекување на гас, се оштетени горните катови и покривот на станбената зграда, а веднаш по неа избувнал и пожар.

Од безбедносни причини полицијата ги евакуирала учениците од училишната кантина која е сместена во зградата каде што одекнала експлозијата.