Забава Париз ќе ги вади катанците на љубовта од Мостот на уметностите

Париз ќе ги вади катанците на љубовта од Мостот на уметностите

Градската управа на Париз најави дека в понеделник ќе почне да ги симнува стотиците илјади „катанци на љубовта“ обесени на познатиот Мост на уметностите (Pont des arts) кој минатата година попушти под нивниот товар.

Париската градска управа одлучи да ги симне катанците што го уништуваат споменикот на културата и се опасни за безбедноста на посетителите.