Свет Европа Париската полиција расели мигранти од камп

Париската полиција расели мигранти од камп

Француската полиција денеска преселила неколку стотина мигранти од привремениот камп во близина на метро-станицата „Сталинград“ на северот на Париз.

Нема информации на која локација се преселени.

Регионалната администрација на Париз соопшти дека операцијата минала мирно и оти  власите ги преселиле мигрантите кои живееле во овој камп во последните недели. За време на операцијата на преселување, затворена е метро-станицата.

Во текот на изминатите години, на ова подрачје беа воспоставени неколку кампови за мигранти, кои периодично беа празнети.

Француските медиуми јавуваат дека жителите на камповите претежно биле од Еритреја, Етиопија, Судан и Авганистан.