Свет Европа Папата ја осуди ИСИС

Папата ја осуди ИСИС

Мора да се спротивставиме на фанатизмот и фундаментализмот - рече Папата

Откако пристигна во Турција за да ги поттикне муслиманските лидери да заземат посилен став против екстремистите што ја извртуваат религијата за да оправдаат тероризам, папата Франциск ги осуди нападите на Исламската држава.

– Мора да се спротивставиме на фанатизмот и на фундаментализмот, како и на нерационалните стравови што сеат недоразбирање и дискриминација – рече тој.