Свет Балкан Папата Франциск во посета на Сараево

Папата Франциск во посета на Сараево

Папата Франциск в сабота ќе го посети Сараево, 20 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.

– Доаѓам меѓу вас, да искажам поддршка во меѓурелигискиот договр и да дадам поддршка за мирен соживот во вашата земја – порача папата Франциск во видеопораката упатена до граѓаните на Босна и Херцеговина.

Еден од главните моменти на посетата, која ќе трае десет часа, ќе биде меѓуверскиот состанок на папата со претставниците на католичката, православната, муслиманската и на еврејската заедница.

Најмалку 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во главниот град на Босна заради обезбедувањње, но Ватикан не е особено загрижен за безбедноста на папата.