Свет Европа Папата Франциск се сопна и падна за време на миса

Папата Франциск се сопна и падна за време на миса

Папата Франциск се сопна и падна на почетокот на голема миса за време на неговата посета во Полска, а агенцијата „Асошиејтед прес“ објави и видеоснимка од незгодата.

Другите свештеници му помогнаа на папата да стане, по што тој продолжи да служи на мисата.

На папата незгодата му се случи за време на неговата прва посета на Полска, чие население е претежно католичко.

Неговата посета на Полска трае пет дена и тој ќе ги посети некои од најзначајните католички цркви, како и концентрациониот логор Аушвиц.