Свет Европа Папата Франциск: Помогнете ѝ на Грција

Папата Франциск: Помогнете ѝ на Грција

Лидерите на Европската унија да донесат одговорна одлука за да се реши грчката криза, апелираше денеска папата Франциск. Тој вели дека човековото достоинство мора да остане во центарот на решението на овој проблем.

Во соопштението од официјален Ватикан се наведува дека папата е загрижен заради општествените последици од кризата и последиците врз грчките семејства, пренесуваат британските медиуми.