Економија Панче Кралев избран за претседател на одборот на директори на „Македонски телеком“

Панче Кралев избран за претседател на одборот на директори на „Македонски телеком“

На вонредниот состанок, одборот на директори на „Македонски телеком“ го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за свој претседател со мандат од 21 април 2015 година.Тој доаѓа на местото на Оливер Костуранов, кој ненадејно почина на 23 ноември 2014 година.

Одборите на директори на „Македонски телеком“ АД – Скопје и на „Т-мобајл Македонија“, на вонредните состаноци одржани на 20 април 2015 година, одобрија склучување на анекс на спогодбата за присоединување на „Т-мобајл Македонија“ АД – Скопје кон „Македонски телеком“, првично одобрена и склучена на 31 октомври 2013 година.

Одборите на директори донесоа одлука за одобрување на спроведување на најавената интерна истрага во „Македонски телеком “и во „Т-мобајл Македонија“.