Свет Европа Палестинците отворија амбасада во Шведска

Палестинците отворија амбасада во Шведска

Палестинците отворија амбасада во Шведска, што е одраз на воспоставување цврсти врски откако официјален Стокхолм во октомври стана првата западна земја од ЕУ што ја призна Палестина како држава.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска првпат ја посети Шведска по признавањето и ги повика и другите земји да го следат нејзиниот пример.

– Вашето признавање би требало да поттурне кон преговори за мировен процес – рече Абас.

Односите меѓу Шведска и Израел се влошени по признавањето на Палестина, а шефицата на шведската дипломатија, Маргот Валстром, ја откажа планираната посета на Израел закажана за јануари. Тел Авив привремено го отповика својот амбасадор.

Палестинците бараат да основаат држава на окупираниот Западен Брег и Појасот Газа, кој е под блокада, а анектираниот источен Ерусалим да биде главен град на државата.