Свет Пакистанскиот суд нареди истрага за премиерот Шариф

Пакистанскиот суд нареди истрага за премиерот Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф не е прогласен за виновен за корупција пред Врховниот суд.

Судиите наредија нова истрага во која ќе биде сослушан премиерот и членовите на неговото семејство во врска со обвиненијата за корупција, јавува „Си-ен-ен“.

Медиумите пренесуваат дека тоа за Шариф значи останување на премиерската позиција. Постоеше стравување дека судот ќе ги прифати обвиненијата и ќе го прогласи за виновен.

Но, наместо тоа, судот наредил нова, опсежна истрага во врска со обвиненијата за корупција.

Шариф веќе со месеци се соочува со тврдења дека членови на неговото семејство работеле со офшор-сметки, што беше откриено со случајот „Панама пејпрс“.