Свет Пакистанската војска убила 47 талибанци

Пакистанската војска убила 47 талибанци

Пакистанската војска соопшти дека во воздушните напади што ги извршила изминатите два дена се убиени 47 талибански борци.

Мета на нападите било упориштето во северниот дел на Вазиристан. Медиумите не можат да го утврдат бројот и идентитетот на убиените затоа што им е ограничено движењето во планинските делови на Пакистан, во близина со авганистанската граница.

Последниот напад е дел од антитерористичката операција, која војската ја покрена во јуни минатата година, откако една од талибанските групи ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Карачи.