Свет Европа Пад на популарноста на италијанскиот премиер и на неговата партија

Пад на популарноста на италијанскиот премиер и на неговата партија

Популарноста на италијанскиот премиер Матео Ренци и на неговата Демократска партија е во опаѓање поради корупцискиот скандал и имиграционата криза, се наведува во истражувањето на јавното мислење направено од италијанскиот институт „Демос“. Популарноста на партијата паднала за девет отсто и сега е 32 отсто.

Втора партија по популарност е Движење пет ѕвезди на поранешниот комичар Бепе Грило со 26,1 отсто поддршка, а третото место го делат антиевропската и анти-имиграционата Лига на северот и Форца Италија, партијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, секоја со 14 отсто.

Популарноста на Ренци паднала за осум отсто и сега во него веруваат 41 отсто од Италијанците. За четири проценти е во предност пред лидерот на Лигата на северот, Матео Славани, кој ужива популарност кај 37 отсто од граѓаните.