Македонија Отворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Отворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Основното јавно обвинителство – Охрид отвори постапка против три лица, осомничени за вчерашниот настан во кој животот го загуби 26-годишен жител на Охрид.

За трите лица, државјани на Србија, од надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена.

Еден од осомничените се гони за кривично дело убиство од член 123, став 2 од Кривичниот законик, односно „убиство извршено на свиреп начин“. Другите двајца се товарат за кривично дело помагање од член 365 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Охрид ја продолжува истрагата за овој случај.