Македонија Отворен ден во Владата за иницијативи на граѓански организации за „Планот за...

Отворен ден во Владата за иницијативи на граѓански организации за „Планот за чист воздух“

Утре во 10 часот во прес центарот на Владата ќе се одржи четвртиот од серијата отворени денови за иницијативи на граѓански организации, којшто се однесува на „Планот за чист воздух“ за 2019-та година и временската рамка за негово спроведување.

Од Владата информираат дека на отворениот ден воведни обраќања ќе имаат заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, шефот на кабинет на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска, од здружението „Еко – свест“.