Македонија Отровни производи завршувале на македонските трпези

Отровни производи завршувале на македонските трпези

Вкупно 42 прехранбени производи со потекло од Македонија, полни со пестициди, канцерогени материи и со опасни бактерии, биле откриени во земјите на ЕУ во последните години, јавува „Нова“. Околу 40 производи опасни по здравјето на граѓаните, пак, биле увезени од други земји во Македонија. Ова го покажува РАССФ, системот на ЕУ за брзо алармирање за безбедност на храна. Не се откриваат имињата на фирмите, само македонските производи се евидентираат како проблематични.
Станува збор за различни производи што секојдневно се употребуваат во исхраната, домати, пиперки, краставици, грозје, јаболки, печурки, полжави, десерти, чоколади, сладолед, вино, енергетски пијалоци, желе-бонбони.
Некои од пратките содржеле големи количества пестициди, други содржеле опасни бактерии, трети канцерогениот афлатоксин или, пак, на декларацијата не било нагласено дека содржат алергени што може да го загрозат здравјето и животот на луѓето кои се алергични на нив.