Македонија Отпуштените професионални војници најдоцна до февруари ќе се вратат на работа

Отпуштените професионални војници најдоцна до февруари ќе се вратат на работа

Власта поднесе закон со кој ќе им се реши статусот на професионалните војници што по завршувањето на работниот ангажман во АРМ, не беа вработени.

Како што е предвидено во законот, вработувањето на овие војници треба да заврши најдоцна до февруари идната година.

– Во законот е предвидено вработувањето на овие 140 професионални војници да заврши најдоцна до крајот на февруари 2016 година. Претходно тие треба да поднесат барање за вработување до Министерството за одбрана, за што краен рок е крајот на јануари. Има период од еден месец во кој Министерството би имало период да ги испланира и да ги организира работите околу нивното вработување – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.