Дописници Кај Струга откриени потопени бродови од 1887 година

Кај Струга откриени потопени бродови од 1887 година

Нуркачите Никола Паскали, Александар Булески и Кире Ристески, кои се членовите на клубот „Ботом тајм“, откриле потопени бродови во водите на Охридското Езеро.

– Станува збор за два брода – влекачи кои влечат пет т.н. „вагони“ за транспорт на различни добра низ езерото. Истите се произведени во далечната 1887 година во Италија, а намерно биле потопени во 40-тите години од минатиот век, кај Струга. Бродовите се наоѓаат на околу 1.500 метри од брегот, на длабочина од 7 до 9 метри – информираат од „Ботом тајм“.