Здравје Откриени 96 нови случаи на ковид-19 од 1.688 направени тестови

Откриени 96 нови случаи на ковид-19 од 1.688 направени тестови

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава биле направени 1.688 тестови, а откриени биле 96 нови случаи на ковид-19. Од нив 55 се од Скопје, 17 од Битола, а во другите градови има едноцифрени бројки на нови случаи.

Од вкупниот број новооткриени позитивни случаи (96), регистрирани се 14 реинфекции.

Во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи, а се регистрирани сe 177 оздравени пациенти.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 04.04.2022 година, во домашни услови. Било со придружни загрозувачки болести.

Досега во земјава се направени вкупно 1.992.684 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на утврдени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030.