Хроника Откриена шестчлена група илегални мигранти

Откриена шестчлена група илегални мигранти

Полициска екипа вчеравечер, при контрола на камион на автопатот Гевгелија – Скопје, открила шест илегални мигранти, со потекло од Сирија.

Како што информираат од МВР, синоќа, околу 21 часот, кај клучката за Демир Капија, полициски службеници запреле камион „мерцедес“ и при преглед на приколката, откриле шест мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициската станица во Неготино, каде што еден од мигрантите изјавил дека тој, заедно со групата, илегално влегол од Грција и имал намера преку Македонија и Србија да замине во некоја од западно-европските земји.