Свет Европа Откриена мрежа за илегална имиграција на Кинези во Шпанија

Откриена мрежа за илегална имиграција на Кинези во Шпанија

Шпанската полиција денеска соопшти дека открила мрежа на шверц со луѓе која на кинески државјани им овозможувала да добијат дозвола за престој со фалсификувани договори за работа во домаќинства.

Најмалку 57 лица се уапсени во текот на полициската операција спроведена низ Шпанија, меѓу кои е и една кинеска двојка, осомничена дека ја водела илегалната мрежа.

Шпанските власти се сомневаат дека некои Кинези во Барселона платиле до 8.000 евра за фалсификувани документи за да добијат дозвола за престој.

Речиси 200.000 Кинези легално живеат во Шпанија.