Главна секција Откажана денешната средба на работната група за Договорот од Пржино

Откажана денешната средба на работната група за Договорот од Пржино

Средбата на работната група од претставниците на политичките партии за Договорот од Пржино е откажана.

Засега нема информации која е причината за откажувањето на средбата.

Од канцеларијата а ОБСЕ во Скопје тврдат само дека до нив стигнала информација дека  средбата нема да се одржи, но и тие не ја знаат причината за тоа.

Теми на разговор на денешната средба требаше да бидат изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората.

Во согласност со договорот од 2 јуни, како и тој од 15 јули, партиите треба да формираат десетина работни групи, кои ќе можат да работат на спроведување на обврските преземени од тие договори.

На средбата одржана минатата недела, исто така, тема беа изборните закони, а на неа учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост“ и „Цивил“ и на Министерството за правда.