Култура Откажан концертот на „Ту челос“ во Охрид

Откажан концертот на „Ту челос“ во Охрид

Концертот на хрватското дуо „Ту челос“, кој требаше да се одржи на 8 август во дополнителната програма нa „Охридско лето“, се откажува од приватни причини, соопштуваат организаторите.

Концертот, како што информираат тие, ќе се презакаже во нов термин.

-Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување – се вели во дописот до јавноста.

Од продукцијата „Пасворд“ информираат дека купените билети може да се вратат од среда, 22 јули, на продажното место „Југотон“ во ГТЦ.

На сите што купиле билети преку интернет, парите ќе им бидат вратени на нивната сметка.