вторник, 14 април, 2026
Meta.mk

Ознака: откажување | 17 резултати

САД бараат од ирачките Курди да го откажат референдумот за независност

септември 16, 2017

Белата куќа ги повика ирачките Курди да го откажат референдумот за независност, закажан за 25 септември, оценувајќи го како провокативен и дестабилизирачки, јавуваат светските агенции. Повторувајќи го уверувањето дека гласањето ќе претставува пречка за борбата против Исламска држава и за стабилизацијата на ослободените подрачја, Вашингтон јасно го изразил своето несогласување со одлуката на парламентот на ирачките Курди […]

Груевски ја утнал адресата, дека се откажува од иминутетот, ќе мора да му пише на Џафери

јули 3, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски, за кого Специјалното јавно обвинителство бара да му биде одредена мерка притвор, како обвинет во случајот „Титаник“, во петокот минатата недела доставил известување за откажување од правото на имунитет до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, потврдија денеска од законодавниот дом. Сепак, како […]

Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе го образложува повлекувањето на „Пуч“

февруари 14, 2017

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвинители ќе одговара на прашањата на Советот за одлуката на СЈО да го повлече обвинението за предметот „Пуч“. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски за „Телевизија 24“ потврдил дека Јанева е повикана да ги образложи причините зошто СЈО се откажа […]

Ѓорчев: Јанева да не помисли да украде, да уништи или да сокрие ни еден доказ од „Пуч“

јануари 21, 2017

Зоран Заев, благодарение на Бранко Црвенковски и на Катица Јанева, е единствениот политичар и во Европа и во светот кој е двапати аболиран, изјави денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во врска со одлуката на Специјалното јавно обвинителство да се откаже од обвинението за случајот „Пуч“. – Катица Јанева знаеше дека има […]

СЈО го повлече обвинението за „Пуч“ оти било спротивно на доказите

јануари 18, 2017

Специјалното јавно обвинителство се откажува и го повлекува обвинителниот акт за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и конраразузнавање, Зоран Верушевски. Како што информираат од СЈО, причина за ваквата одлука е тоа што „фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност […]

По Велес и Скопје, и Кавадарци го откажа организираниот дочек на Нова година

декември 26, 2016

Кавадарци го откажа дочекот на Нова година на градскиот плоштад, така што по Велес и Скопје, ова е трет град во земјава што го откажува организираниот новогодишен дочек. Финансиските средства кои биле предвидени (околу 5.000 евра) ќе бидат донирани во хуманитарни цели. – На наредната седница, Советот на Општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ќе бидат […]

И Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочек на Нова година

декември 22, 2016

Градот Скопје се откажува од дочекот на Нова година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Со оваа одлука, по Велес, Скопје е втор град во земјава што се откажува од прослава на Нова година. – Средствата што беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари, ќе ги […]

Ќе ги откажат ли општините прославите за да ги донираат парите во хумани цели

декември 21, 2016

Иницијативата од Србија за откажување на новогодишните прослави на градските плоштади за парите да се пренаменат за хуманитарни цели, почна да се прифаќа и во Македонија. Вработените во општинската администрација на Велес и градоначалникот Славчо Чадиев одлучиле парите од општинскиот буџет што биле предвидени за организирање на новогодишна прослава, да ги донираат во хуманитарни цели. Две […]

МФ ја откажа денешната аукција на државни записи

септември 13, 2016

Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи предвидена за денеска, во согласност со календарот објавен на веб-страната на институцијата. Од Министерството велат дека аукцијата е откажана во насока на сведување на домашното нето-задолжување врз основа на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството […]

Откажана прославата на Денот на АРМ поради поплавите

август 16, 2016

Министерството за одбрана ги откажа сите активности околу прославата на Денот на АРМ (18 aвгуст), поради поплавите во скопскиот регион, пишува „Утрински весник“. „Поканите за прославата беа испратени еден месец однапред и во време кога не можеше ниту да се претпостави дека ќе може да се случи несреќа од такви размери. Верувајте, јас слетав од Америка […]

Странските компании ги откажуваат посетите поради кризата

мај 9, 2016

За компаниите во преработувачката, металната и во електроиндустријата, влијанието на кризата се чувствува во откажувањето на веќе договорени и прецизирани датуми за посети од странски компании. Странските компании од овие сектори, кои имале цел да ги посетат наши компании, дa ги разгледаат капацитетите и да прецизираат детали за склучување нови договори за наредниот период, ги […]

Наумов: Потребна е одговорност за пропустите во процедурите при задолжувањата

февруари 3, 2016

Дополнителниот заменик-минитер за финансии, Кире Наумов, денеска повика на одговорност за „пропустите во процедурите при задолжувањата“. Во соопштение се наведува дека по вчерашното откажување на аукцијата, денеска е закажана нова за 9 февруари 2016 година. Според него, тоа е направено по двојното прекршување на постапката за закажување аукции на државни хартии од вредност, во согласност […]

Откажан концертот на „Ту челос“ во Охрид

јули 20, 2015

Концертот на хрватското дуо „Ту челос“, кој требаше да се одржи на 8 август во дополнителната програма нa „Охридско лето“, се откажува од приватни причини, соопштуваат организаторите. Концертот, како што информираат тие, ќе се презакаже во нов термин. -Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување – се вели во […]

Страна 1 од 1