Дописници Осветен параклис во двор на училиште во Делчево

Осветен параклис во двор на училиште во Делчево

На влезот од дворот на гимназијата „Методија Митевски -Брицо“ во Делчево, поставена е мала црквичка, односно параклис.

Бизнисменот Слободан Дамјанов е донатор на параклисот „Свети Климент Охридски“, кој денеска беше осветен од брегалничкиот митрополит Иларион.

Ова е редок пример, на влез на училиште да биде поставен верски објект. Според објаснувањето од МПЦ-ОА, параклисот е поставен на местото каде што до 1961 година постоела црквата „Свети Кирил и Методиј“.

Пред верниците беше прочитана повелбата за пренесување на параклисот во владение на МПЦ-ОА.