Македонија Осуммина нуркачи трагаат по човекот кој исчезна во водите на вештачкото езеро...

Осуммина нуркачи трагаат по човекот кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња

Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот, велат од ЦУК

Фото: ЦУК

Потрагата по 29-годишното лице кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион, денес ја продолжуваат осуммина нуркачи од армиските специјалци Волци, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

„Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот. Видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Воедно постојано се пребарува и брегот на езерото“, велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

Лицето Р.Ф. од селото Никуштак пред пет дена влегло во акумулацијата, по што му се изгубила трага. Оттогаш, нуркачки тимови постојано го пребаруваат телото, но засега потрагата е безуспешна.