Свет Европа Осум држави во Европа ги затворија границите, Макрон ги осуди нивните одлуки

Осум држави во Европа ги затворија границите, Макрон ги осуди нивните одлуки

16.03.2020, Baden-Württemberg, Kehl: Am deutsch-französischen Grenzübergang in Kehl stehen zwei Beamte der Bundespolizei. Seit diesem Montag gelten wegen der Coronavirus-Krise für die Einreise von Frankreich nach Deutschland umfassende Kontrollen und Einreiseverbote. Foto: Uli Deck/dpa +++ dpa-Bildfunk +++

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди одлуките за еднострано затворање на границите што го направија осум земји од Европската унија, во обид да го спречат ширењето на корона вирусот. Тоа го соопштил во разговорите кои ги имал со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, соопштија од Елисејската палата.

Според Макрон, затворањето на границите е спротивно на европското начело за слободнo движење на луѓето, а истото не го поддржуваат ниту некои експерти.

Фон дер Лаен се согласила дека затворањето на границите „не е најдобриот начин да се спречи ширењето на вирусот и истакнала дека сите мерки на претпазливост во врска со границите треба да бидат во координација за да се спречи влошувањето на ситуацијата.

Кабинетот на Макрон соопшти дека во текот на следните неколку часови ќе бидат финализирани и објавени мерките кои се однесуваат на надворешните граници на ЕУ со цел, борба против корона вирусот.

Шарл Мишел за вторник закажа вонреден состанок на челниците на ЕУ кој ќе се одвива преку видео конференција, како и минатата недела.

Преминувајќи ја бројката од 2.000 умрени, Европа стана новото жариште на пандемијата на корона вирусот. Државите кои веќе ги затворија своите граници за странски државјани се: Унгарија, Чешка, Кипар, Данска, Литванија, Летонија, Полска и Словачка.

Австрија  и уште некои држави ги затворија границите делумно и воведоа дополнителни гранични контроли. Во таа група е и Германија која делумно ја затвори границата со Австрија,  Данска, Франција, Луксембург и Швајцарија. Изземени од забраната за движење се само граѓаните кои поради одење на работно место мораат да ја преминуваат границата, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Словенија ја затвори границата со Италија и делумно со Швајцарија.

САД го забранија влезот на странски државјани од Ирска и од Обединетото Кралство, а забраната стартува утре. Во саботата беше забранет влез во САД на државјани од шенген зоната.

Џибути, Гана, Кенија,Хаити, Либија, Мароко, Србија, Танзанија, и Тунис исто така делумно ги затворија границите или ги забранија летовите од земјите на ЕУ.

Турција ги затвори границите за патници од девет држави членки на ЕУ а Русија за затвори копнената граница со Полска и Норвешка.