Подглавна секција Осум деца и една жена починаа на Занзибар откако јаделе месо од...

Осум деца и една жена починаа на Занзибар откако јаделе месо од морска желка

Уште 78 други лица се пренесени во болница по консумирање на деликатесот, за кој е познато дека предизвикува труење со храна

Плажа на островот Пемба на Занзибар / Marcel Oosterwijk from Amsterdam, The Netherlands, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Осум деца и едно возрасно лице починаа откако јаделе месо од морска желка на островот Пемба во архипелагот Занзибар. Уште 78 други лица се пренесени во болница, соопштија властите вчера, а пренесе Гардијан.

Месото од морска желка се смета за деликатес во Занзибар, но јадењето на ова месо понекогаш резултира со смртни случаи поради хелонитоксизам – вид на труење со храна.

Возрасната жена која починала доцна во петокот била мајка на едно од децата што починале порано. Месото од желката починатите го консумирале во вторникот.

Асошиејтед прес јави дека лабораториските тестови потврдиле оти сите жртви јаделе месо од морска желка.

Властите во Занзибар, кој е полуавтономен регион на источноафриканската држава Танзанија, испратиле тим за управување со катастрофи кој ги повикал луѓето да избегнуваат консумирање морски желки.