Македонија Оставките на пратениците во рацете на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања

Оставките на пратениците во рацете на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања

Триесет и еден пратеник се во оставка, гласи извештајот од собраниската координација, која до Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања препорача да закаже седница на која ќе го разгледа извештајот за отсуствата на пратениците од овој состав на парламентот.

Генералниот секретар, Жарко Денковски, денеска на координативната средба во Собранието го достави извештајот за отсуствата на народните избраници. На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, потпретседателите и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА.