Македонија Оставка си поднесе и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“

Оставка си поднесе и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“

Фото: Паркови и зеленило

Директорот на „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски денес поднесе оставка на функцијата директор на јавното претпријатие.

„Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства“, објави Сотировски на Фејсбук.

Сотировски на функцијата дојде од Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата оставка се случува откако тоа го сторија директорите кои Арсовска ги назначи на функција, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ. На функција во јавните претпријатија останаа директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски и директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева.

Директорите на ЈП „Улици и патишта“, „Лајка“ и „ЈСП Турс“ си поднесоа оставки