fbpx

Директорите на ЈП „Улици и патишта“, „Лајка“ и „ЈСП Турс“ си поднесоа оставки

-

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, директорот на „Лајка“ Воислав Димитровски и директорот на „ЈСП Турс“ Филип Василевски си поднесоа оставки со образожение дека немале комуникација со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализација на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал”, изјави Настов.

Директорот на „Лајка“ Воислав Димитровски во својата објуава на Фејсбук соопшти дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и каснење во исплатата на платите на вработените.

Димитровски истакна дека претпријатието го затекнал во хаотична состојба, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, со над 70 отсто заробен капацитет на прифатилиштето и со долг од над 10 милиони денари.

Директорот на ЈСП Турс Василевски кој исто така до јавноста се обрати преку Фејсбук рече дека немал поддршка од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски.

„Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, напиша Василевски.

Градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински и секретарот Ѓоко Велковски поради Пречистителната станица

Денешната серија оставки следува откако во понеделникот градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод и канализација Златко Перински по што од функциите си заминаа директорите на Градски паркинг и Дрисла Бојан Христовски и Јане Мицевски.

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

Арсовска на вчерашната седница за советнички прашања на Град Скопје одговарајќи на прашање на советникот Луке Галевски од редовите на ВМРО-ДМПНЕ обвини дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски е дел од „тендер матрицат“ од која „нема никогаш да излезе“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...