Хроника Осомничен за убиството во Тетово сам ѝ се предал на полицијата

Осомничен за убиството во Тетово сам ѝ се предал на полицијата

Полицијата го обезбеди и второто осомничено лице за кривичното дело убиство, кое се случи на десетти овој месец, во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово. Се работи за 30-годишен жител на селото Мала Речица, по кого беше распишана меѓународна потерница.

Осомничениот, кому е определен 30-дневен притвор и кривична пријава за убиство, сам се пријавил во полициската станица во Скопје, каде го предал оружје, за кое се претпоставува дека го користел за време на инцидентот во угостителскиот објект „Баркод“.

Во вооружената престрелка во објектот „Баркод“, 22-годишен жител на Порој го загуби животот, а 11 лица беа повредени, од кои шест со прострелни рани. Мотивите и сè друго поврзано со овој немил настан кој заврши трагично, полицијата сè уште ги истражува.