Македонија Османи на министерски состанок за надворешни работи со земјите од Вишеградската група...

Османи на министерски состанок за надворешни работи со земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Бујар Османи, министер за надворешни работи | Фото: МНР

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи утре во Познан ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.

„На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на Советите на ЕУ, регионалната соработка и  пост-пандемиското економско заздравување на регионот. Имајќи ја  предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска,“ се вели во соопштението.