Македонија Османи ќе го информира Иванов за активностите од планот „3-6-9“

Османи ќе го информира Иванов за активностите од планот „3-6-9“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладне во вила „Водно“ ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања и задолжен за планот „3-6-9“, Бујар Османи.

На средбата, Османи и претставниците на Секретаријатот за европски прашања, ќе му ги презентираат на претседателот Иванов активностите што се преземаат за забрзување на евроинтеграциите на Македонија, предвидени со владиниот реформски план „3-6-9“.