Македонија Османи: Ахмети нема намера да оди кај Иванов и да го уверува...

Османи: Ахмети нема намера да оди кај Иванов и да го уверува дека е за унитарна Македонија

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“, рече дека лидерот на партијата, Али Ахмети, нема намера да оди кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и да го убедува дека тој и партијата се за унитарна Македонија, пренесува „Плусинфо“.

– И Ахмети и ДУИ и досега јавно кажале и кажуваат дека се за унитарна Македонија и за почитување на Уставот и затоа Ахмети нема намера да оди и да го уверува Иванов во тој наш став – рече Османи, одговарајќи на прашањето дали Ахмети би го прифатил предлогот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да одат заедно кај Иванов.

Османи рече дека Иванов има само церемонијална функција и нема зошто да го убедуваат кога сите знаат дека парламентарното мнозинство е за унитарна Македонија.

– Ќе го испочитуваме рокот од Уставот од 10 дена и независно што тој ќе одговори, ќе одиме на формирање реформска влада – рече Османи.