Македонија Осма средба на работните групи на македонското и на бугарското МНР

Осма средба на работните групи на македонското и на бугарското МНР

Работните групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија денеска во Софија ја одржа осмата средба во врска со преговорите за договорот за пријателство, добрососедство и за соработка.

Од МНР соопштија дека средбата минала во конструктивна атмосфера, без притоа да откријат повеќе детали.

Следната средба, според договореното, треба да се одржи во Скопје.