Свет Европа Ослободени заложниците во Париз

Ослободени заложниците во Париз

Заложничката криза во париска продавница, каде крадците држеа 18 заложници, е завршена, јави „Франс 24“.
По неколку часа заложништво, специјалната единица на париската полицијата ги ослободи заложниците.

Како што наведува истиот извор, можно е крадците сè уште да се во продавницата „Прајмарк“.

Полицијата се сомнева дека напаѓачите се скриле меѓу 18 заложници, поради што во тек е сослушување.
Заложничката драма почна рано утринава, нешто по 6 часот, кога во продавницата влетале двајца-тројца крадци.