Македонија Ослободен косовскиот функционер кој беше во притвор во Скопје

Ослободен косовскиот функционер кој беше во притвор во Скопје

Косовскиот функционер Гафур Дуголи ,кој беше во притвор во Скопје и требаше да биде екстрадиран во Србија, е ослободен.

Кривичниот совет ја усвоил жалбата на притворениот и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија за претходна постапка.

Јавното обвинителство, пак, во меѓувреме, се премислило и за Дуголи, наместо 30 дена притвор, барало обврска лицето повремено да се јавува во суд. Судот го прифатил тој предлог и сега му е наложено на Дуголи повремено да се јавува во Кривичниот суд.

Тој е актуелен шеф на протоколот на косовските безбедносни сили. Уапсен беше на граничниот премин Блаце на 12 март, кога доаѓал во Скопје по американска виза.

По него е распишана потерница од Интерпол – Србија за воени злосторства направени врз цивили Срби, кои тој, наводно, ги извршил во 1998 година како припадник на ОВК на планината Клечка во Косово.