Хроника Оштетени надгробни плочи во Драчево

Оштетени надгробни плочи во Драчево

Надгробни плочи на три гроба на гробиштата во селото Драчево биле оштетени во периодот од јули годинава до вчера. Како што извести МВР, случајот вчера го пријавиле три лица, откако првпат по повеќе од три месеци ги посетиле оштетените гробишта.

Полициска екипа извршила увид и се работи на утврдување на причинителите.