Дописници Орденот на општина Штип ќе му биде доделен на премиерот Груевски

Орденот на општина Штип ќе му биде доделен на премиерот Груевски

Општина Штип денеска официјално ја соопшти одлуката орденот „Свети Никола“ да му биде доделен на премиерот Никола Груевски.

Орденот на Груевски ќе му биде врачен на свечена седница, која под повод патрониот празник на градот ќе се одржи в петок.

Од воведувањето на Свети Никола за патронен празник на градот пред неколку години, орденот што го носи името на светителот се доделува на истакнати личности кои дале свој придонес за развојот на градот и на општината.

Минатата година орденот му беше доделен на неврологот Методи Чепреганов, а претходно орденот го добија поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, кардиологот Сашко Кедев и митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион.