Македонија Орав: Поважен е интересот на граѓаните од интересот на партиите

Орав: Поважен е интересот на граѓаните од интересот на партиите

Овој состанок беше планиран долго време, не е поврзан со вчерашните преговори и ние имаме намера да се состанеме и со другите политички лидери колку што е можно побргу, изјави евроамбасадорот Аиво Орав по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата, на која присуствувале и повеќе министри.

– Денеска дискутиравме за можните решенија за излез од моменталната политичка криза и нашата клучна порака беше дека е поважен интересот на граѓаните од интересот на политичките партии. Го слушнавме ставот на премиерот за начините на кои ќе се спротистави на сериозните прашања околу владеење на правото и враќање на довербата во институциите – рече Орав.