Македонија Општина Центар ја реконструира улицата Ленинова

Општина Центар ја реконструира улицата Ленинова

Општина Центар, по 30 години, ја реконструираше улицата Ленинова. Жителите побарале улицата да добие нов лик и по две недели оперативна работа, денеска се асфалтираше.

Првата фаза од реконструкцијата е од свиокот кај Градски парк, до Илинденска, во должина од 150 метри и во широчина од седум метри. Каблите на кабелските оператори ќе бидат поставени под земја.

„Се работи според предвидените планови и рокови за реконструкција на улицата. По завршување на овој сегмент, веднаш ќе се почне и со реконструкција на следниот потег на Ленинова, од улицата Орце Николов до булевар Илинден. Во контекст на тој дел од општината, во текот на наредната недела, почнува и комплетна ревитализација на улицата Благој Страчков, вклучувајќи ја и изведбата на атмосферска канализација“, се вели во соопштението од Општина Центар.