Македонија Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за...

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за загадувањето

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо да реализираат мерки против енормното загадување на воздухот.

„Во моментов, меѓу другото и поради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, а ситуацијата со загадувањето е неподнослива. Скопје и Тетово се повторно најзагадените градови во Европа. Ова треба да е врвен приоритет во моментов, одложување не смее да има“, велат од Општина Центар.

Од Општината се надеваат дека градските власти и Владата ќе одвојат време и во најкус рок ќе свикаат итна вонредна седница.