Дописници Општина Струга се пожали дека Владата на стружани им извлекла еден и...

Општина Струга се пожали дека Владата на стружани им извлекла еден и пол милион евра

Владата на Република Македонија, преку Министерството за финансии, од џебот на граѓаните на општина Струга, само во мандатот на сегашните коалициски партнери, извлекла околу 87 милиони денари, или 1.400.000 евра, реагираа од локалната самоуправа преку соопштение до медиумите.

Само во последниве две години, биле извлечени околу пет милиони денари или околу 800.000 евра.

Од Општината, исто така, се пожалија дека Владата им ги кочи и капиталните проекти што ги реализира локалната власт. Во фаза на завршување се три капитални проекти: изградба на новото шеталиште, градењето на кружниот тек на магистралата Струга – Ќафасан и импровизираниот кружен тек во центарот на градот за само 28.500.000 денари.

Кружниот тек на магистралата требало да го гради Владата, поради надлежностите, специфичноста и опасноста, но, сепак, ефикасно бил реализиран од Општина Струга.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, наместо да го поддржи овој проект за да се спасуваат човечки животи, преземаше мерки за да го спречи. По ова логика на компарација, ако за само 28.500.000 денари реализираме три проекти, замислете какви инвестиции ќе спроведевме со 1.400.000 евра, кои буквално се украдени од Владата на коалициските партнери – се вели во соопштението од Општина Струга.