Дописници Општина Охрид го распиша кoнкурсот за наградaта „Св. Климент Охридски“

Општина Охрид го распиша кoнкурсот за наградaта „Св. Климент Охридски“

Општина Охрид денеска извести дека е отворен конкурсот за наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година.

Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно за долгогодишни остварувања и за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општината, придонесуваат за развојот на градот и за негова афирмација.

Како што посочуваат од Општина Охрид, право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани, а наградата се доделува на еден добитник и не може да се дели меѓу повеќе добитници. Конкурсот трае до 20 ноември.