Македонија Општина Карпош испрати инспекции на поголемите градилишта

Општина Карпош испрати инспекции на поголемите градилишта

Општина Карпош испратила инспекции на сите поголеми градилишта на нејзина територијата.

„Станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од Општината, на сите поголеми градежни објекти што со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните, било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти“, соопштија од Општина Карпош.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Општината се вели дека целта на инспекцискиот надзор е да се констатира и да се увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот.