Македонија Општина Аеродром донира еден милион денари за поплавените подрачја

Општина Аеродром донира еден милион денари за поплавените подрачја

Општина Аеродром донесе одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и од поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија.

За да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија.