Македонија Oпожарен автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска

Oпожарен автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска

Непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета, наведено е во соопштението од Обвинителството

Фото: Мета.мк

Во Прилеп вчера намерно бил опожарен приватниот автомобил на обвинителката на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска од таму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

„Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност“, наведено е во соопштението од Обвинителството.